Метанот е уште едно алтернативно гориво со кое Макпетрол ги поставува основите за пошироко распространување и примена како погонско гориво во возилата. Ова погонско гориво може со мали преправки и вградување на уред за погон на метан, да се користи во бензинските и дизел моторите во патничките и товарните возила. Исто како кај авто ТНГ горивото, цената на метанот е една од главните причини за неговата сé поголема примена во светот. На тоа се надоврзуваат и придобивките за животната средина, поради намалената емисија на штетни материи од примената на метанот како погонско гориво. Метанот е најекономично гориво во споредба со другите моторни горива, односно за исти средства вложени во горивото, со метанот се изминуваат повеќе километри. Повеќе производители на возила веќе нудат модели што се фабрички подготвени за користење на метан.
Макпетрол веќе располага со мрежа од четири станици за точење метан во возилата, со планирано натамошно проширување на мрежата. Секако дека се погриживме да обезбедиме и висококвалитетни уреди за погон на возила на метан, коишто ги вградуваме и сервисираме во нашите сервиси:
02 2581 655 - Сервис Хонда, Маџари
02 3083 789 - Сервис Хонда, Илинденска
Дознајте ги сите предности на метанот како погонско гориво: