Порака од претседателот


Водечката позиција на нашата компанија во македонскиот сектор за енергетика се должи на постојаниот стремеж за унапредување на нашите производи и услуги. Овој континуитет го негуваме уште од основачките почетоци на Макпетрол АД, веќе седум децении. Денес сме особено горди на квалитетот на нашите производи, на високите стандарди на услугите и на иновациите што се движечка сила во секојдневното работење.

Нашето лого е гаранција дека тука ќе ги најдете производите и услугите во коишто ќе ги препознаете своите барања и ќе бидете задоволни од истите. За таа цел, ние ги обучуваме нашите вработени со особена грижа, со цел стручно да излеземе во пресрет на сите Ваши потреби и очекувања. Ние нудиме квалитетни горива според европски стандарди, благодарение на постојаниот развој и истражувања, секогаш во чекор со напредокот на автомобилската индустрија и енергетскиот сектор.

Грижата за животната средина претставува составен дел од проширувањето и осовременувањето на понудата од производи и услуги на Макпетрол.

Го презедовме првиот пионерски чекор во инвестирањето во магистралниот гасовод, за потоа да продолжиме со изградба на сопствена рафинерија за производство на биодизел. Со тоа, Макпетрол како единствен производител на чист биодизел, прв во државата го воведе биодизел горивото на македонскиот пазар на течни горива. Исто така, повторно први и единствени во државата, изградивме неколку современи станици опремени со постројки за полнење метан во возилата. Во следниот период претстои натамошно проширување на мрежата, како предуслов природниот гас да стане подостапен и пошироко применет како погонско гориво во транспортот.

Ние работиме секојдневно на исполнувањето на зацртаната цел - Макпетрол и во иднина да биде водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена ефикасно да одговори на енергетските потреби на општеството и, како досега да остане двигател на економскиoт сектор во Република Македонија.

Претседател на У.О. на „Макпетрол“
   Андреја Јосифовски