Емисии во вода, почва и воздух

Емисии во вода, почва и воздух


Емисии во вода и почва

Преку системите за собирање на технолошките, фекалните и на атмосферските води, објектите на „Макпетрол“ АД не ги загадуваат водата, почвата и подземните води. На бензинските станици еднаш годишно, а по потреба и неколку пати се врши чистење на сепараторите за масла, од страна на овластена компанија.

Во согласност со законската регулатива на Р. Македонија, преку правно лице кое ги исполнува условите за вршење мониторинг, се врши снимање, анализа и следење на квалитетот на почвата на сите акцизни складови на „Макпетрол“ АД. Земените мостри се во рамките на максималните дозволени количества (МДК).

Емисии во воздух

Со примена на новите горива на „Макпетрол“ АД, значително се намалува емисијата на штетни гасови и честички во воздухот.

Согласно со барањата кои произлегуваат од А-интегрираната еколошка дозвола за Инсталацијата за производство на биодизел, на секои три месеци ce вршат мерења на граничните вредности на емисии на воздухот од испустот на котлите.