ТНГ за домаќинство

ТНГ за домаќинство


Течниот нафтен гас во боци е машавина од пропан и бутан што се полни во боци со тежина од 2, 3, 5, 10 и 35 кг. Истите се применуваат секаде каде што е потребен лесно пренослив енергенс што, истовремено, едноставно и сигурно се доставува. Како замена за електричната и другите видови енергии, боците со ТНГ се користат во домаќинствата, индустријата, занаетчиството итн. Достапни се на 77 бензински станици и истите можете да ги пронајдете на пребарувачот на содржините на нашите бензински станици. 

Боците се полнат во сопствена современа карусел полнилница, при што се врши проверка на наполнетоста на секоја од боците. По завршениот процес на полнење и проверка на исправноста, се врши поставување специјални заштитни полиетиленски капи на вентилите на боците. Со тоа се гарантира точноста на наполнетоста на боците и нивната техничка исправност. Покрај тоа, „Макпетрол“ поседува и специјално техничко одделение за тестирање празни боци со што се обезбедува нивна максимална исправност и безбедна употреба.