Историјат

Историјат


1947 година
Основање

Почетоците на Макпетрол АД датираат во 1947 година, кога е основано трговското претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати Југопетрол-Скопје. Тогашното претпријатие брои 85 вработени и мрежа од неколку бензински станици.

1974 година
Проширување на дејноста

Претпријатието ја проширува својата дејност во областите на автотранспортот и шпедицијата. Начинот на организација преоѓа во работна единица (РО).

1980 година
Промена на името

Првобитното име на претпријатието се менува во Р.О. Макпетрол-Скопје.

1989 година
Преоѓање во општествено претпријатие

Р.О. Макпетрол-Скопје се регистрира како општествено претпријатие (ОП) за внатрешна и надворешна трговија.

1990 година
Акционерско друштво

Организацијата на претпријатието преоѓа во Акционерско друштво во мешовита сопственост.

1995 година
Завршеток на трансформацијата

Трансформација на Макпетрол од акционерско друштво во мешовита сопственост во трговско друштво во приватна сопственост, со што се заокружува процесот кој води кон уште поуспешен раст, развој и подем во нови насоки и нови полиња.

1998 година
Стапување на македонската берза

Акционерското друштво преоѓа во целосна приватна сопственост, со акции кои котираат на Македонската берза.