Mеѓу нашите горива од фамилијата ULTRA, дизел горивото ULTRA Diesel Bio Power е предводник во поглед на заштитата на животната средина. Со развојот на ULTRA Diesel Bio Power горивото го направивме следниот чекор во примената на светските трендови и нудиме уште едно современо дизел гориво. При тоа, корист имаат подеднакво, животната средина и возачите. ULTRA Diesel Bio Power горивото содржи 6% дизел гориво произведено од висококвалитетно растително масло, додека останатите 94% ги сочинува нашето кристално чисто ULTRA Diesel Power Power гориво. На овој начин, на македонскиот пазар нудиме гориво со состав идентичен со дизел горивото што го пропишува ЕУ со цел да се зголеми уделот на енергија од обновливи извори.
Покрај тоа што со примената на ULTRA Diesel Bio Power горивото се постигнува уште поголема заштита на животната средина, корист има и самиот автомобилски мотор. Биодизел компонентата во составот на ULTRA Diesel Bio Power горивото поседува висока способност за подмачкување. Покрај тоа, повисоката цетанска вредност од стандардниот дизел овозможува моторот да работи помирно и потивко, додека детергентските својства на горивото се грижат моторот да остане чист, без создавање талози.
Искористете ги веднаш предностите на нашето ULTRA Diesel Bio Power гориво: