Антифриз

Со врвни адитиви за заштита на моторот


Нашиот антифриз е многу повеќе од средство што спречува замрзнување на течноста во системот за ладење во автомобилскиот мотор. Во составот на Антифриз 100 влегуваат посебни адитиви што спречуваат појава на корозија во системот, како и механичко оштетување на металот од страна на несаканите воздушни меури во системот кои се појавуваат како резултат на таканаречена кавитација. Средството против замрзнување ги штити ладилникот, пумпата за вода и каналите за ладење и го спречува предвременото зовривање на течноста.

Антифриз 100 е концентрирана течност што пред полнењето во системот треба да се разреди со деминерализирана вода, соодветно на температурата до којашто сакате да ја постигнете заштитата, a според упатството испечатено на амбалажата. Антифриз 40 е течност против замрзнување што е веќе подготвена за полнење во системот за ладење и го штити истиот до температури од минус 36 степени Целзиусови. Антифриз 100 и Антифриз 40 се изработени според строги стандарди и со примена на напредни технологии, со цел да се обезбеди сигурност и задржување на техничката беспрекорност на Вашиот автомобил во сите временски услови.

Повеќе информации за продуктот

Основни податоци за производот